Maкедонскиот најдобар ракометар Кирил Лазаров кој е и актуелен селектор и официјално влезе во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како што беше најавено.

Европската куќа на ракометот ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј со отворање на „Куќа на славните“ во која се најде и Лазаров.

Лазаров сѐ уште го држи рекордот за најмногу голови во Лигата на шампионите, беше најдобар стрелец на Европското првенство и двапати најдобар стрелец во Лигата на шампионите, која и ја освојуваше.

На настанот ќе се избира и олстар тим на сезоната и МВП играч. Сите кои ќе сакаат да го следат во живо ќе можат на официјалната страна на ЕХФ, почетокот е од 17:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.