Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочат Франција. Иако Французинките важат за апсолутни фаворитки, нашите ракометарки најавуваат борбена игра и максимално залагање во обидот да направат изненадување.

Репрезентативки апелираат до навивачите да дојдат во салата во што поголем број и да им дадат поддршка.

Ова ќе биде натпревар од Ц-групата која се игра во Скопје. Во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“ ќе играат Холандија и Романија.

На првиот натпреварувачки ден на ЕХФ Еуро 2022 постигнати се овие резултати:

Данска – Словенија 26:28

Унгарија – Швајцарија 33:28

Норвешка – Хрватска 32:23

Шведска – Србија 27:21



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.