Сите тестови на македонските ракометари кои учестуваат на Европското првество кое почнува утре се негативни. Првиот меч на ЕП Македонија го игра против Словенија.

Вкупно четворица ракометари и тоа Митревски, Кизиќ, Ојлески и Младеновиќ беа позитивни пред патувањето во Унгарија и тие останаа во Скопје и сигурно нема да играат против Словенија.

За разлика од македонската селекција, во таборот на Црна Гора денеска имаше тројца ракометари со позитивни тестови, па на дуелот против Данска во првото коло нема да играат Шеваљевиќ, Мијушковиќ, Вујовиќ, а од претходно се знаеше дека нема да игра ниту Боживиќ, додека на клупата ќе го нема заразениот селектор Рогановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.