Прв пораз на нашите ракометарки во квалификациите за Европското првенство.Шпанија делуваше како фурија во „Борис Трајковски“ за победа од 19-31. Македонија едноставно немаше шанси против брзата игра на гостинките.

Во првото полувреме и се држевме некако но во вториот дел бевме целосно разбиени.

Но, нашите рамометарски не треба да жалат бидејќи и натаму се на второто место во групата кое води на Европското првенство.

Македонија има добра и млада екипа која заедно ќе игра уште многу години и се надеваме дека ќе имаат многу успеси и пласмани на големи натпреварувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.