Кирил Лазаров, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го состави финалниот тим од 16 ракометари кои ќе настапат на вечерашниот дуел со Луксембург во Скопје.

Лазаров на подготовките за дуелите со Луксембург и Турција на списокот имаше 21 ракометар од кои ќе се комбинираат составите за овие два натпревари.

Денеска беше финализиран составот за првиот меч. Селекторот нема да смета на Дејан Манасков за кого беше најавено дека ќе биде поштеден на овој меч.

Другите ракометари кои шансата да настапат за репрезентацијата ќе ја чекаат на мечот со Турција во недела се Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ.

Луксембург е можност да се даде шанса на играчи што веќе извесен период конкурираат за место во тимот. Следниот состав што ќе патува во Ван, Турција веројатно ќе биде малку поинаков.

Натпреварот со Луксембург се игра денеска од 19:00 часот, во Борис Трајковски. Билетите за натпреварот се по цена од 50 и 100 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.