Хрватскиот ракометар Денис Тот (27), кој денеска трагично почина на КАРИЛ, вчеравечер бил нападнат од дечко и девојка пред да биде пронајден во бесознание пред скопската дискотека Привилиџ, објави „А1он“, повикувајќи се на информации од полиција откако биле прегледани безбедносните камери од „Сејф Сити“.
Инцидентот се случил пред дискотеката, откако дечко и девојка влегле во едно такси возило, а Тот нешто им кажал преку прозорецот, по што двајцата излегле од таксито и му удриле шлаканици, а откако Хрватот паднал на земја, девојката со нога неколкупати го удрила во главата. Тот не давал никаков отпор при нападот, по што дечкото и девојката си заминале.
Тот околу 4 часот утрината бил најден како лежи во бесознание со брза помош бил пренесен на КАРИЛ, откако било констатирано дека има мала сатурација и слаб срцев пулс, по што денеска попладне ја загуби животната битка и почина.
Министерството за внатрешни работи денеска објави дека ракометарот бил донесен во Ургентниот центар но без видливи повреди, но после прегледувањето на безбедносните камери отворен е предмет во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.