Романија и Чешка се противниците на македонската машка ракометната репрезентацијата во бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство (СП) кое ќе се игра идната година.

Трите порази и освојување на 22 место на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка, ги однесе ракометарите на потешкиот пат „за вадење“ мундијалска виза.

Денешната ждрепка на европските бараж натпревари на избранците на селекторот и капитен Кирил Лазаров им ја додели Романија и првиот натпревар е предвидено да се игра на 14 март во Скопје, а реваншот ќе се игра шест дена подоцна. Доколку ја победат Романија, ракометарите во вториот бараж двомеч кој ќе го даде патникот на СП ќе играат против Чешка. Натпреварите треба да се играат на 11. и на 17. април.

Двојки за баражот:
Чешка/ Македонија – Романија
Грција – БиХ/ Црна Гора
Украина – Финска/Хрватска
Италија – Словенија/Србија
Португалија – Швајцарија/Холандија
Австрија – Естонија
Германија/Ф. Острови – Белорусија
Израел – Литванија
Русија/Словачка – Белгија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.