На 19 мај 2002 година женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров стана европски клупски првак и се вивна на шампионското европско небо.
Предводени од тренерот Александар Панов, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Андријана Будимир, Лариса Кисељева Милева Велкова, Анжела Платон, Наталија Малахова подоцна Тодоровска, Мирјана Чупиќ, Луминица Дину, Елена Златановска, Ирина Калиниченко, Ања Андрушенко ја донесоа првата ракометна европска титула во Скопје. Се славеше на плоштадот „Македонија“. Каков ден беше тоа. За историја.
Во првиот финален меч во Будимпешта, против Херц, Кометал ЃП загуби со 27-25, а дома , во СРЦ „Кале“ победи со 26-22.
Клубот Кометал ЃП во 2010 година официјално згасна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.