Би сакал со Вас да споделам дел од атмосферата од вчерашната прослава по повод јубилејни 20 години од освоената титула Европски првак во женскиот ракомет на Ракометниот клуб Кометал-Ѓорче Петров.

И по цели 20 години, исто како и тогаш, пеевме, танцувавме, наздравуваме и споделувавме сеќавања, навраќајќи се на оној континентален успех кој го постигнаа нашите ракометарки, нашите македонски лавици- напиша Трифун Косовски на својот фејсбук профил.

Пред 20 години на 19 мај женскиот ракометен клуб „Кометал Ѓорче Петров“ ја освои европската титула во женската Лига на шампиони. По тој повод беше приредена мала прослава во кругот на најблиските пријатели на тогашниот спонзор на клубот, Костовски и дел од екипата која ги победи „Херц“ и ја освои титулата.

На забавата присуствуваше поголемиот дел од тимот „Кометал Ѓорче Петров“ како Иван Бојков, Владимир Радиќ, Лидија Аџиевска, Гордана Нацева Наталија Тодоровска, Милева Велкова, Анжела Платон, Елена Златановска, Андријана Будимир, Мирјана Чупиќ и други.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.