По прекинот на ракометното дерби, прво од двата дуели во кои се игра за титулата во македонската Суперлига, меѓу скопски Вардар и битолски Пелистер ракометниот меч продолжи и во моментов е полувреме. Ракометарите на Вардар заминаа во соблекувалната со минимална предност од два гола.

Кај Вардар Дејан Манасков постигна 4 гола, а Филип Талески 3. Каспер Кишум со 3 гола е најуспешен во Пелистер, Хосни и Павле Атанасиевиќ постигнаа по 2.

Пет минути по почетокот на мечот, во салата беа пуштени навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ и почаа на сите страни да „летаат“ димни бомбу и столчиња. Полицијата не можеше да ги раздвои двете групи. Натреварот беше прекинат кога димните бомби почнаа да паѓаат на теренот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.