Македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа убедливо го совлада грчки ПАОК до 36:20 (19:06) на 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Битолчани со победата си резервираа место во денешното финалето против најтрофејниот на турнирот, со 14 титули – Вардар, и можност да се израмнат по бројот на пехари на струшкиот турнир.

Еурофарм Пелистер ја имаше контролата на мечот од почеток и во ниту еден момент не дозволи да се загрози водството.

Најефикасен на натпреварот беше српскиот интернационалец Вук Радивојевиќ со 9 погодоци.

Во борбата за третото место вечер ќе се сретнат поразените од синоќешните натпревари ПАОК и Ескилстуна Гуиф во 18:30 часот, додека финалето е резервирано за 20:30 часот. Последниот ден на турнирот ќе го отворат домаќините и ракометарите на Тиквеш во борбата за петтото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.