Македонската ракометна репрезентација губи на полувреме од Норвешка со 18:11.

Норвежаните подобро го отворија натпреварот, а дојдоа и до предност од три голови, односно резултат 7:4. Потоа нашите ракометари ги стегнаа редовите, па дојдоа и до изедначување 9:9.

Сепак, по една наше исклучување, норвешките ракометари постигнаа неколку голови во услови кога ние игравме без голман, со цел да има ист број ракометари во поле, направија серија од четири голови, а норвешкиот налет до паузата заврши со дури седум голови предност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.