Германската телевизија РТЛ, која ги пренесува средбите од ракометното ЕП 2024 во оваа земја, коментирајќи го мечот Франција – Македонија ги нарекуваше играчите и навивачите како Северномакедонци, што ги налути нашите сонародници кои живеат во Германија, пишува „Екипа“.
Поради ова, македонскиот конзул во Дизелдорф заедно со претседтелот на Советот за интеграција во овој град, Гоце Перовски, испратија остар протест до РТЛ што беше проследен и до останатите медиуми од Германија, да престанат со користење на „Северномакедонци“ за жителите на нашата држава.
Со писмен доказ од Преспанскиот договор, тие потсетуваат дека треба да се користи терминот Македонци за играчите и за навивачите, но и за придавката „Северномакедонски“ што често погрешно се користи во странските држави кога се опишув нашата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.