Дел од ракометарите на Буринди, кои „исчезнаа“ во Хрватска на 9 август, за време на Светското кадетско првенство во ракомет, побарале азил во Белгија. За време на првенството во Риека, хрватската полиција доби пријава за исчезнување на десет млади момчиња (родени 2006 година) кои излегле од студентскиот центар во Риека, каде престојувале за време на Светското кадетско првенство во ракомет.

Како што известија од хрватската полиција, во меѓувреме, од нивна страна биле преземени повеќе мерки и дејствија со цел пронаоѓање на лицата и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.

Преземајќи мерки и дејствија, граничното управување доби известување од белгиската миграциска служба дека десет малолетници без придружба во Белгија побарале азил. Исто така, досега е утврдено дека двајца од десет државјани на Бурунди се членови на ракометната репрезентација на Бурунди. Полицијата ја продолжува интензивната соработка со миграциската служба на Белгија со цел да се утврди идентитетот на останатите граѓани на Бурунди од таа група, со оглед на тоа што постои видлива случајност и постои голема можност останатите осум граѓани на Бурунди да се истите играчи кои доброволно ја напуштиле Хрватска илегално, а со цел да поднесат барање за азил со секундарна миграција во Белгија“, извести полицијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.