Црногорскиот ракометен стратег и поранешен тренер на скопски Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, е назначен денеска за нов шеф на стручниот штаб на хрватскиот клуб Нексе.
Олимписки и светски првак со поранешна СФР Југославија и трикратен европски првак со Металопластика и Барселона играч, а потоа и успешен тренер кој во три наврати го предводеше најтрофејниот македонски ракометен клуб, Вујовиќ официјално ќе биде назначен на должноста в среда, а на клупата на Нексе ќе дебитира в сабота.
„Да, донесовме одлука и Веселин Вујовиќ ја презема клупата на Нексе. Иако во медиумите овие денови се шпекулираше со бројни имиња, сега и официјално можам да потврдам дека екипата од среда ќе ја преземе Веселин Вујовиќ со кого брзо се договоривме на задоволство на двете страни“, изјави претседателот на Нексе, Јосип Ерговиќ за хрватските медиуми.
Вујовиќ во март 2022 година седна на селекторската клупа на Иран, откако една година претходно трет пат се врати како тренер во Вардар по ангажманите од 2006 до 2010 и 2011 до 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.