Државата и Градот цврсто ветија дека нема да ме остават на цедило, а добив помош еднаква на нула!  изјави денеска на прес-конференција првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, која предизвика голем интерес во јавноста.

Тој го пофали Сергеј Самсоненко за тоа што го вложил во клубот за време на својот мандат, а го потенцира немањето слух од домашните институции, кои му ветиле помош, ама го оставиле – сам.

Самсоненко заслужува почит за петте години водење на Вардар, во кои стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, а јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Целта беше да се пласираме во Топ 16 во Европа, да освојуваме трофеи во мак-ракометот и да играме финале во СЕХА-лигата. Јас никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку можам да обезбедам. Свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пред се поради пандемијата, па енергетска и економска криза, а сега и со војната во Украина, но имам оправдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило. За возврат добив помош еднаква на – нула. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест, тоа што го ветија да го реализираат и затоа сум благодарен до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, изјави Михајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.