Левото крило на македонската ракометна репрезентација и еден од најискусните во националниот тим, Дејан Манасков, оценува дека поразот од Норвешка во првиот настап на Светското првенство во, нема негативно да се одрази врз амбициите за пласман во следната фаза.
Македонските ракометари на дуелот против Норвешка, одигран во Краков, направија дури 17 технички грешки што резултираше со висок пораз од фаворитот со 39:27.
Не смее да се направат толку многу изгубени топки против една репрезентација како Норвешка. Норвежаните победија заслужено, а ние мораме да ги поправиме грешките, бидејќи Холандија игра сличен ракомет“, вели Манасков.
Мансков најавува поинаков пристап за дуелот против Холандија, што се игра в недела со почеток од 18 часот.
Не се покажавме во најдоброто светло, но има сили во овие момчиња. Против Холандија ќе бидеме подобри. Остануваме фокусирани на целта да се пласираме во следната фаза. Верувам дека тоа е достижно без оглед на стартниот пораз“, додава Манасков.
Холандија во првиот натпревар славеше убедливо против Аргентина со 29-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.