Македонската машка кадетска ракометна репрезентација со победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство, совладувајќи ја попладнево во неизвесен натпревар во Скопје селекцијата на Словачка со 27-26 (14-14).

Најефикасен во триумфот со кој црвено – жолтите се на чекор до пласман на завршниот турнир беше Јован Петрески со осум голови.

Во воведниот натпревар во рамки на групата Б која се игра во салата во Автокоманда, ракометарите на Швајцарија лесно го совладаа Косово со 33-19 (16-8).

Избраниците на селекторот Наум Танески утре од 15 часот ќе играат против Швајцарија, а в недела во истиот термин за противник ќе ја имаат селекцијата на Косово.

Пласман на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Црна Гора, ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од петте квалификациски групи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.