Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.

По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство.

Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир.

На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.