„Црвено-црните“ за противник го добија Рајн Некар Левен од Германија, најтешкиот можен ривал во ждрепката.

Вардар на првиот меч ќе биде домаќин (26 или 27 август), реваншот е една недела подоцна во Германија.

Вториот македонски претставник во машка конкуренција во квалификациите за евро-куповите, Тиквеш ќе се соочи со Фортоф Кремс од Австрија во ЕХФ Европскиот куп.

Во седиштето на ЕХФ беа извлечени и двојките во женска конкренција. Од македонските екипи: Ѓорче Петров ќе игра со Тиват (Црна Гора), Куманово со Херцегонбусе (Швајцарија), додека Чаир го доби Венло (Холандија).

Терминот за првите натпревари е 23/24 септември, реваншите по една недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.