Европската ракометна федерација (ЕХФ) вечерва со жрепка во Берлин ги одреди квалификациските групи за пласман на континенталниот собир 2024 година.

Македонските ракометари ќе играат во групата 1 против Португалија, Турција и Луксембург.

Квалификациите почнуваат во октомври, а Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.

Пласман во завршницата ќе обезбедат двете првопласирани, како и четири најдобро третопласирани репрезентации во осумте квалификациски групи:

Состав на групите:

Група 1: Португалија, Македонија, Турција, Луксембург.

Група 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска.

Група 3: Исланд, Чешка, Израел, Естонија.

Група 4: Австрија, Украина, Романија, Фарски Острови.

Група 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија.

Група 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија.

Група 7: Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово.

Група 8: Франција, Полска, Летонија, Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.