Македонската ракометна репрезентација со победа над Црна Гора од 38-33 ги почна подготвителните натпревари за Светското првенство.
Кире Лазаров не можеше да смета на Филип Кузмановски кој денеска ги има последните обврски кон Хановер, а дополнително поштеда добија и Никола Митревски, Петар Атанасијевиќ, Давид Савревски и Александар Петковски.
Потребни беа десетина минути за Македонија да се одлепи, а потоа да дојде и до водство од 9-5. До крајот на полувремто предноста дојде до плус шест, па на одмор заминаа со 19-13. Во вториот дел црвено-жолтите дојдоа и до двоцифрена предност, 33-23 на 10 минути до крајот, па конечниот резултат не беше слика за реалниот однос на силите.
Сепак, Црна Гора настапи ослабена, без девет играчи кои се уште имаат клупски обврски. Вториот тест е утре, но ќе биде од затворен карактер.
Манасков 10, Георгиевски 5, Ѓоргиев 5, Талески 5, Серафимов 3, Стојковиќ 2, Атанасијевиќ 1, Пешевски 1, Јагуриниоски 2, Џонов 2, Кузманоски 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.