Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено 24:24 со Алжир, домаќин на Медитеранските игри 2022.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го почнаа натпреварот и по шест минути имаа три голови предност (4:1). Во 20. минута предноста беше два гола (9:7), а потоа следуваше мал пад во играта и минути за домашните ракометари. До паузата се играше гол за гол и на одмор се отиде со нерешени 15:15.

Во второто полувреме двете селекции имаа свој периоди. Алжирците почнаа со 3:0 за водство со (15:18). Следуваше серија на Македонците со 7:1 и водство до 22:19. Алжир повторно поведе (22:24), за конечно во 60. минута при резултат 24:24, Иван Џонов да промаши пенал за триумф на македонската селекција.

Двете селекции имаат по четири бода од два натпревара и се на првите две места на табелата во Б-групата.

Во оваа група вечерва играат Шпанија и Турција. Слободна е репрезентацијата на Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.