Машката ракометна репрезентација на Македонија има негатива од 11-14 по првото полувреме од квалификацискиот меч против Португалија.

Џонов го постигна првиот гол за почетно водство од 1-0, но потоа се соочивме со проблеми во нападот, па Португалија во 7. минута стигна до првото водство на мечот (1-2). Цветан Кузманоски промаши зицер од крило при 2-3 кога Македонија имаше ракометар повеќе на теренот, по што гостите рутински ја одржуваа предноста.

Селекторот Лазаров ја смени бековската линија со Велковски, Митев и Ѓоргиев. Митревски одбрани неколку тешки топки, но проблемите во нападот останаа, за нецели две минути промашивме два седмерци (Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски), па гостите поведоа со 4-8.

Македонија искористи две грешки на Португалија и Петров погоди за 10-9, но Ѓоргиев беше исклучен на спротивната страна и гостите стигнаа до плус два преку Кошта, 11-9. Сепак македонскиот напад и натаму немаше премногу идеја, па во финишот на полувремето Португалија стигна до 13-10.

Серафимов погоди пенал за 13-11, а гостите изнудија исто така удар од седум метри, кој беше реализиран и на пауза се замина со водство на Португалија од три гола.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.