Македонските ракометни судии се признаени во европските купови, Начевски и Николов речиси сигурно ќе бидат дел од фајналфор турнирот во Лигата на Шампионите, а големо признание добија и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои беа избрани меѓу четирите судиски двојки за завршниот турнир од Лигата на Европа на ЕХФ.
Битолските арбитри ќе бидат задолжени за делење на правдата на дуелот за третото место на турнирот во Лисабон, што ќе се одигра на 29 мај.
Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат Магдебург и Нексе, додека домаќинот Бенфика за ривал ќе го има полскиот вицепрвак Висла Плоцк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.