Македонската ракометна репрезентација успеа да се пласира во втората фаза од баражот за пласман на Светското првенство 2023 година, каде ја очекува двомеч со Чешка откако успешно ги мина дуелите против Романија. Клучен беше триумфот (30:22) во Скопје, со оглед дека избраниците на Кире Лазаров денеска во Букурешт загубија со 24:22.

Првото полувреме беше скромно со голови, двете селекции многу повеќе внимание посветија на одбраната, а по 30 минути на семафорот беше 12:12. Македонија ја задржа предноста од првиот меч во Скопје.

На стартот од второто полувреме, Романците тргнаа на се или ништо, создадоа три гола предност, но никогаш сериозно не ја загрозија позитивата што Македонија ја обезбеди на дуелот во Скопје. На крајот, пирова победа за Романија и радост за македонските ракометари.

Капитенот и селектор, Кире Лазаров, беше најдобар стрелец во македонскиот национален тим со шест постигнати гола. Кузмановски беше стрелец на три гола. Томовски имаше девет, а Митревски две одбрани.

Македонската ракометна репрезентација на 13. и на 16. април ќе има двомеч против Чешка во втората фаза од мундијалскиот бараж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.