Во салата на Динамо Букурешт полека доаѓаат романските фанови, кои силно мотивирани ќе се обидат да надополнат осум гола негатива од првиот дуел во Скопје. Група фанови на националниот тим, обоени во националните обележја, со тапани и труби на повеќе од еден час од почетокот на дуелот го наполнија сегментот од салата на Динамо Букурешт.

Вообичаено Романија своите домашни натпревари ги игра во Клуж, но овојпат се одлучи да ја следи праксата на шампионот Динамо Букурешт и да игра во салата на гигантот од главниот град. Пасквал инсистираше на два натпревари во два дена и промена на салата каде ќе се игра натпреварот.

Македонија со огромни осум гола разлика допатува во Букурешт и има далеку поголеми шанси за промоција во априлскиот бараж. Селекторот Лазаров изврши само една замена од скопскиот дуел во четвртокот и на местото на Митев, во ростерот влета Костески.

Повеќе на гол.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.