Teнзично дерби меѓу Вардар и Пелистер во салата „Јане Сандански“. Прекин имаше веќе во 12 минута кога влегоа навивачите на Еурофарм. Своето присуство го најавија со неколку шок и чадни бомби и тресење на оградата.

Тоа како да ги испровоцира навачите на Вардар од кои беа одвојени со мал кордон полиција. Веднаш почнаа да летаат запалки, шишиња, димни бомби и по некоја столица. Мора да се признае дека Интервентната единица не си ја заврши работата бидејќи беше за очекување дека ќе дојде до инцидент и малку фалеше за директна пресметка.

Откако навивачите се „испразнија“ натреварот продолжи и по завршувањето салата се испразни но Чкембарите останаа надвор додека просторот околу „Јане Сандански“ не биде чист и навивачите не бидат „натоварени“  во автобусти за Битола.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.