Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави списоци кои ги пријавиле националните федарации за настап на континенталниот собир кој во јануари идната година ќе се одржи во Германија. Меѓу учесниците е и Македонија, која ќе игра во групата А со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

На пошироките списоци на кои селекторите ќе сметаат за настапот на ЕП се наоѓаат најмногу по 35 играчи, а пред почетокот на шампионатот ќе бидат пријавени по 20 кои ќе бидат во комбинација за мечевите од групната фаза.

Селекторот на македонската ракометна репрезенација Кирил Лазаров пријавил 34 ракометари кои се во игра за ЕП. Триесетипеттиот на списокот е Николас Најденовски, ракометар што е роден 2006 година, има 17 години и шведски пасош, но и македонско потекло. ЕХФ дополнително треба да се произнесе дали и тој ќе може да конкурира за македонската селекција, бидејќи веќе имал настапи за младинските селекции на Шведска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.