Кире Лазаров има причина за задоволство по одличното издание на нашата репрезентација и заслужената победа на првиот дуел од двомечот со Романија.

Македонија имаше контрола над резултатот буквално од првата до последната минута, а Лазаров и неговите „пулени“ дефинитивно задоволни ќе патуваат на реваншот во Букурешт што на програмата е в сабота со почеток во 17 часот.

„Сакам да се заблагодарам на навивачите, беше прекрасно чувството по долгата пауза поради коронавирусот конечно да заиграме пред полна сала. Против себе имавме одличен противник, да бидам искрен не спиев добро во последните две три ноќи подготвувајќи се за мечот. Се согласувам со Пасквал дека резултатот не е реален, но во ракометот се игра 60 минути, а денеска ние се радувавме бидејќи бевме фокусирани и прецизни во финишот. Денес за разлика од ЕП имавме поширока ротација, со повеќе играчи кои одиграа по пет-десет минути, но имаа важна улога за одржување на темпото на игра. Како што кажав, овој резултат не е реален и треба да бидеме претпазливи, познавајќи го Чави Пасквал знам дека тој нема да се предаде, туку ќе се обиде да не изненади во Букурешт“, изјави Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.