Филип Муркуловски одлично ги искористи минутите на паркетот во Скопје и имаше солидна претстава против Романците, а на прес-конфренцијата истакна дека било прекрасно да се игра пред ваква атмосфера.

„Прекрасно беше да се игра пред оваа атмосфера. Невозможен беше овој резултат ако не беше овој амбиент. Мора да бидеме внимателни, оваа залиха е добра и треба да играме како да е 0-0. Романците демонстрираа добра партија, и покрај тоа што имаат многу повредени ракометари. Филип Талески има квалитет и може да игра на ова ниво во двата правци. Денес гледачите го скандираа неговото име. Треба да му се даде поддршка и да се верува во него“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.