По натпреварот на кој Македонија беше поразена од Холандија, ракометарите не ја криеја својата разочараност.
ГОЛ.МК пренесува изјава на Филип Кузмановски кој го анализира поразот од „лалињата“.
„Многу спремни отпатувавме на овој шампионат. Се тренираше многу напорно и посветено на подготовките. Но, навистина не знам што се случи вечерва. Исто како и против Норвешка. Игравме само 20 минути и потоа ништо не покажавме. Сега сум под емоции, не знам што да кажам. Едно договараме, друго играме. Повеќе нема стари и млади во селекцијата, има само добри и лоши. Момците што ќе влезат од клупата мора да ни помогнат, не може цел товар да биде само на одредени ракометари. Ова не треба да биде изговор за високиот пораз. Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи што дојдоа во ваков број да не бодрат“, рече Кузмановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.