Пораз број два за македонската ракометна репрезентација на Мундијалот. Очекувавме подобра игра против Холандија, но сликата беше поинаква. Поразот не е проблем, туку бројните технички грешки.

Кирил Лазаров, предводникот на нашиот најдобар национален тим, потенцира дека не е задоволен од она што го виде на теренот, но истовреме кажа дека Македонија веќе не е таа истата.

„Честитки до Холандија, ја заслужија победата. Не сум задоволен, дојдовме да направиме една победа, имаме уште една шанса, против Аргентина. Не сум задоволен од Норвешка И Холандија овој момент се подобри од нас. Ја сменивме генерацијата дојдовме со млад тим, не со ѕвездите со кои игравме пред пред шест месеци. Ќе се мобилизираме, мора да победиме против Аргентина. Ќе заборуваме со играчите, видовме каде сме, тоа е ситуацијата, Мора да се одмориме и да пробаме да се пласираме во главната рунда.

Можеме да научиме многу, Холандија е подобра, но не со десет гола разлика. Мора да играме тимски, како што игравме денеска. Во 43 минута беше четири гола разлика, исто беше со Норвешка, се повтори. Можеме да изгубиме еден меч, но мора да имаш карактер. Тоа го немавме во двата меча, мора да се смениме за следната средба“, изјави Лазаров на прес-конференцијата по мечот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.