Машката ракометна селекција на Македонија беше вторпат поразена, овој пат од Холандија, во натпреварите по групи на Светското првенство кое е во тек во Полска и Шведска. Останува мечот со Аргентина, кој е последна шанса за триумф и пласман во втората фаза на Мундијалот.

По тој повод, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) повика на сплотеност во клучниот меч со Аргентина. Исто така им се заблагодари на фановите за огромната поддршка од трибините, а испрати порака и до медумите.

Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на Мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.
ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст. Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро. Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!“, се вели со соопштението на РФМ.

Македонија загуби од Норвешка и Холандија, а клучниот меч со Аргентина го игра во вторник од 18:00 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.