Европската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Словенија пред нивниот меѓусебен натпревар вечерва во „Феникс Арена“. Во нашиот ростер нема да биде капитенот Кире Лазаров, кој ќе има само една улога на клупата како селектор.

Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница.

Потребно е мирување од три недели. Македонија и Словенија ќе го одиграат натпреварот од 18:00 часот во „Феникс Арена“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.