Деветнаесет ракометари од домашното првенство и двајца интернационалци се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави за двата априлските натпревари на македонската машка ракометна репрезентација против Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Македонската репрезентација на 26 овој месец гостува во Луксембург, а завршниот натпревар во рамки на квалификациската група 1 ќе го одигра на 30 април против Турција во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Почетокот на мини подготовките за двата завршно евроквалификациски дуели е закажан за в недела во Скопје.

Повикани ракометари: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марио Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Михаил Аларов, Марко Стојковиќ, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Петар Атанасиевиќ, Цветан Кузманоски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриноски, Давид Савревски, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Филип Кузмановски, Филип Талески, Михајло Младеновиќ, Павле Атанасиевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.