Селекторот на ракометната репрезентација, Кире Лазаров објави список од 35 имиња кои ќе конкурираат за настап на квалификациските мечеви за Европското првенство 2024 година кои ги играме во октомври.

Македонија на 12. октомври ги почнува квалификациите за ЕП 2024, на тој ден играме во Скопје против Луксембург, а на 16 октомври гостуваме кај Турција. Во нашата група е уште и Португалија.

Лазаров објави поширок список за овие два меча, на кој за првпат не е тој, но не се и Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.