Во Данска, Шведска и Норвешка се игра женското ракометно Светско првенство, а шведските медиуми откриваат скандал поврзан со селекцијата на Камерун. На последниот натпревар претставникот на Африка имаше “скратен“ ростер од само 14 ракометарки, иако во Шведска допатувале со 16 репрезентативки.

По победата над Парагвај 26:23, Камерун се пласираше во втората фаза од натпреварувањето, но оваа селекција има само 14 ракометарки на располагање за второто коло. Причината за ова е што две ракометарки на оваа екипа исчезнаа пред почетокот на натпреварувањето.

Бенедикте Манга Амбаса и Маријана Бутамаг помеѓу пријателскиот натпревар во Кан на 26 ноември и првиот дуел на Светското првенаство со Црна Гора ја напуштија репрезентацијата на 30 ноември и оттогаш никој не ги видел.

Четири ракометарки од репрезентацијата на Камерун исчезнаа и во Србија уште пред Светското првенство во 2021 година. Тогаш тоа беа Јасмин Јухум, Клариса Маџуфанг, Мишел Екобена и Амелија Мвуа. Исчезнаа во групната фаза кога Камерун меѓу другото играше со Србија, а потоа си замина петтата Жисела Нколо и Камерун остана со 11 играчи за трите бараж натпревари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.