Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави протоколите за навивачите кои ќе сакаат да присуствуваат на Европското првенство кое од 13 до 30 јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка, и од кое дел ќе бидат и македонските ракометари и „фалангата“. Условите условите за присуство на публика на натпреварите се „полабави“ од досегашните искуства на спортските настани.

Во Унгарија нема ограничувања за капацитетот на салите во Дебрецин, Сегедин и Будимпешта. односно дозволено и 100 отсто навивачи во истите, а фановите за да ги следат натпреварите ќе треба да приложат:
– валиден сертификат за прележан Ковид-19
– валиден сертификат за вакцинација
– негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Ова значи дека во Унгарија може да патуваат и невакцинирани навивачи, но притоа на граничните премини или на аеродромите мора да приложат влезници за натпреварите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.