Филип Додевски, членот на Управниот Одбор на Куманово, се стекна со сертификат од специјализираната програма „Европски ракометен менаџер“ што ја организира Европската Ракометна Федерација.

ЕХФ ја реализира оваа програма во соработка со Универзитетот за Спорт од Келн, Германија, а завршните проекти учесниците ги презентираа за време на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Додевски е еден од ретките во регионот кој успешно ја заврши програмата, а претходно програмата ја завршија менаџери од врвни европски клубови, како што се Кил, Веспрем, Ѓер…

-По препорака на луѓе од ЕХФ се пријавив за програмата, затоа што тоа беше предизвик за мене. Ова беше добро искуство, а сертификатот верува ќе бида од корист за македонскиот ракометен спорт – вели Додевски.

Програмата вклучува менаџирање со играчи, национални тимови, федерации и се одвива на секои две години на англиски јазик, а се состои од пет интердисциплинарни модули.

Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои се учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија. Вкупно се примаат 20 апликанти секоја година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.