Германскиот тенисер. Александер Зверев, на втор АТП турнир од серијата 500 по ред е елиминиран веќе во првото коло, откако загуби во Токио од Австралиецот Џордан Томсон со 6-3, 6-4.

Ова што го одиграв беше ужасно. Немам друг коментар за својата игра“, изјави видно разочараниот Зверев по дуелот против 60. светски тенисер на АТП листата.

За Зверев ова беше втор АТП турнир во низа на кој беше елиминиран на самиот старт.

Претходно германскиот тенисер загуби во првото коло на турнирот во Шангај, каде уште полесно беше совладан од Русинот Роман Сафјулин со 6-3, 6-1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.