Германскиот тенисер Александар Зверев со рекет удри неколку пати во судиското столче, откако беше поразен во првото коло во двојки на турнирот во Акапулко.
Зверев три пати удира во судиското столче, седнува, а потоа го навредува судијата, по што уште еднаш го удира со рекетот во столчето. Зачудениот судија во страв брзо се симнува од столот и го напушта теренот.
Од трибините се слушаа свирежи на навивачите, додека луѓето околу германскиот тенисер пристојно се оградија.
Поради своето однесување на крајот од мечот во двојки, Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко“, соопшти Здружението на тениски професионалци (АТП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.