Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, (35) изјави дека не верува оти повторно би можел да биде прв тенисер во светот, наведувајќи ги физичките проблеми како причина за тоа.

Мислам дека тоа време помина. За жал, моите физички проблеми ме спречуваат да се надевам дека повторно ќе бидам број еден – изјави Надал. на конференција за новинари во Акапулко, каде шпанскиот тенисер ја мина првата пречка, совладувајќи го Американецот Денис Кудл со 6:3, 6:2.

Надал годината ја почна со трофеј на Австралија Опен, при што ја освои рекордната 21 грен-слем титула во кариерата.

Шпанецот првпат стана најдобар тенисер на АТП листата во август 2008 година, а последен пат беше светски рекет број еден во јануари 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.