Германскиот тенисер и трет рекет во светот, Александар Зверев, смета дека веројатно има повеќе играчи заразени со ковид-19 на Австралија Опен, но тие не се тестираат, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава како ладен туш доаѓа само два дена по депортацијата на асот Новак Ѓоковиќ од Мелбурн.

Дозволено ни е да излеземе да јадеме, да правиме што сакаме, така што мислам дека е природно повеќе луѓе да заболат од ковид – им рече Зверев на новинарите по победата во второто коло против Австралиецот Џон Милман.

Французинот Хуго Амбер претходно денеска објави дека е позитивен на коронавирусот, ден по поразот во првото коло од неговиот сонародник Ришар Гаске, поради што беше изолиран во Австралија една недела. Но, веројатно има и други позитивни меѓу тенисерите.

Мислам дека неколку играчи имаа проблем кога пристигнаа. Мислам дека сега има многу играчи. Не се тестираме, па мислам дека ако се тестиравме, веројатно ќе имаше повеќе позитивни отколку сега – рече Зверев.

Од Ројтерс, пробале да контактираат со „Тенис Австралија“ за коментар во врска со новиот скандал. Според Еј-Би-Си Њуз, австралиски портал, играчите имаат обврска да вршат брзи антигенски тестови само на дневна основа, а се контролираа само оние тестови кои се спроведуваат на денот на пристигнувањето и помеѓу петтиот и седмиот ден од нивниот престој во Австралија.

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ минатата недела ги критикуваше протоколите за тестирање за ковид-19 за време на квалификациите. Тој го прекина својот меч со образложеие дека има Ковид, што подоцна се покажа дека е точно.

Не можам да верувам дека никој не се тестира. Тие им дозволуваат на играчите да излезат на терен со брзи тестови во нивната соба. Официјално ПЦР-тестирање нема – рече Томиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.