Денес во Europe House-Крива Паланка, со почеток во 15:00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од жени спортисти со наслов Жените и спортот.

Во пресрет на овогодинешните Олимписки и Параолимписки игри во Париз, првите игри на коишто адекватно ќе биде застапена родовата еднаквост со ист број на машки и женски спортисти, амбасадата на Франција им приреди омаж на врвните спортистки од Македонија преку изложба на фотографии од жени спортисти.

 

Овие жени, преку нивните достигнувања и посветеност се синоним за трите олимписки вредности: извонредност, почит и пријателство!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.