Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година,  Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ Зоран Заев  доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на Македонија.

По неполни два месеца, ова е второ „спортско“ признание кое го добива директорот на нашата фондација, откако на Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа – „Спортот за државата, државата за спортот“ доби плакета за посебен придонес во  афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството.

Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи,  претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија, Даниел Димески и директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев, потпишаа четиригодишен договор за соработка помеѓу двете институции. Тие ќе соработуваат во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред се во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и др.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.