Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во план е наскоро ќе почне изградбата на музејот на Новак Ѓоковиќ. Тој додаде дека првите разговори за ова прашање се одржани денеска. Смета дека музејот ќе биде уште една атракција.

Палма (де Мајорка) има музеј посветен на Рафаел Надал. Ќе гледаме да покажеме во согласност со заслугите што направи за нашата земја и во исто време да привлече туристи. Новак е поголем од Надал во овој прекрасен спорт. Не знам дали знаете колкава е неговата популарност, не само кај нас, туку да речеме и во Кина, дека кога ќе му подарите рекет на Новак Ѓоковиќ на кинески функционер, тој не смее да го земе, бидејќи би се сметал за преголем и премногу скап подарок“, рече Вучиќ.

Како што рече српскиот претседател, вредноста на името на Новак и на се останато е толку голема, па тоа е уште една од работите што ќе ги направи српската држава.

Верувам дека можеме да го завршиме многу пред Експо и да им го понудиме како содржина на туристите. Со ова Белград станува главен центар, метропола на целиот регион, не само на поранешна Југославија, туку и значително пошироко од тоа, затоа што треба да имаш таков град, за да можеш да привлечеш луѓе и верувам дека сме на вистинскиот пат“, рече Вучиќ, пренесе Телеграф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.