Во тек е судењето на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кое се случува во Сојузниот суд во Мелбурн.

Вечерва по средноевропско време се решава дали српскиот тенисер ќе ја брани титулата на Австралија Опен или ќе биде депортиран од земјата.

Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, му ја укина визата на српскиот тенисер која ја доби со медицинско изземање од вакцинација.

За судбината на Ѓоковиќ ќе одлучуваат судиите Дејвид О’Калахан, Џејмс Олсоп и Ентони Бесанко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.