Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, во недела на 10 април, ќе се одржи јубилејно 10то издание на „Авицена женска трка“ која е единствената масовна, не само спортска манифестација во нашиот град, посветена исклучиво на жените.
Покрај одбележувањето на важноста на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, како примарна превенција за здравјето на женската популација, оваа рекреативна атлетска трка, која е дел од трките на Виз Ер Скопски Маратон, има за цел и да ја промовира заштитата на животната средина.
Стартот и целта на трката, ќе биде паркингот на Градски парк, а од пријавените 2.000 натпреварувачки, бидејќи станува збор за трка од натпреварувачки карактер, ќе се прогласат најдобрите, со што ќе следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички.
Пријавените дами своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 8ми и 9ти април од 11 до 19 часот, во спортскиот центар Борис Трајковски, спроти хокеј лизгалиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.