Трикратниот олимписки првак во нордиска комбинација, Германецот Ерик Френцел е позитивен на корона вирусот пред стартот на натпреварувачкиот дел на Зимските олимписки игри (ЗОИ2022) во Пекинг.
Заразен е и неговиот клупски колега Терен Вебер, а откако позитивен резултат на тестирањето вчера доби и Норвежанецот Јарл Магнус Рибер, сега сите тројца главни кандидати за медалите во нордиска комбинација на Игрите во Пекинг се во изолација.
Сите најдобри се надвор од патеката поради короната. Тоа можеби е и поради претходните натпреварувања во рамки на Светскиот куп. Состојбата е безизлезна. Требаше тие натпреварувања да се поместат додека не заврши Олимпијадата – изјави Рибер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.